Јован Стојоски со пласман на Светското Првенство во сала!

Македонскиот репрезентативец Јован Стојоски ќе ја претставува Атлетската федерација на Македонија како единствен македонски претставник на Светското првенство во сала, кое ќе се одржи од 20 до 22 март во Торун, Кујавско-Поморско Војводство, Полска.

Јован ќе настапи во дисциплината 400 метри, во која оваа сезона оствари одлични резултати во сала, потврдувајќи ја својата добра форма и подготвеност за настап на најголемата светска сцена.
Неговиот настап е закажан на 20 март во 12:00 часот.

Му посакуваме многу успех, среќа и одличен настап на ова престижно светско натпреварување!