Изминатиот викенд, на 21 и 22 февруари во Словенија, за време на Националното првенство во повеќебој, македонскиот репрезентативец Огнен Стефановски повторно испиша историја.
Со вкупно освоени 5.223 бодови, Огнен го собори сопствениот национален рекорд во седмобој во сала, поставувајќи нова највисока вредност во оваа дисциплина во Македонија.
Она што го прави овој настап уште поимпресивен е фактот што во рамки на истиот седмобој, тој постави и нов националнен рекорд во скок со стап кој сега изнесува 4.20м.
По поединечни дисциплини Огнен го оствари следните резултати:
- 60м со пречки – 8.42 секунди
- Скок во далечина – 6.84 метри
- Скок во височина – 1.83 метри
- Фрлање ѓуле – 11.76 метри
- Скок со стап – 4.20 метри
- 1000 метри – 2:42.83 минути
Настап исполнет со стабилност, квалитет и зрелост во сите дисциплини, доказ дека македонската атлетика во повеќебој има сериозен потенцијал.