Балканско првенство во сала за сениори 2026

Изминатиот викенд, на 21 февруари во Белград, Србија, се одржа Балканското првенство за сениори во сала, каде боите на Македонија ги бранеа двајца наши репрезентативци.

Атлетската федерација на Македонија беше претставувана од:
Јован Стојоски – 400 метри
Брајан Авија – скок во далечина

Јован Стојоски оствари одличен настап и го освои високото седмо место, поставувајќи нов најдобар резултат за оваа сезона на 400 метри со време од 48.13 секунди, што претставува силен показател за неговата форма во текот на зимската сезона.

Брајан Авија својот настап го заврши на 15-то место во скок во далечина, со резултат од 6.85 метри, стекнувајќи значајно меѓународно искуство на силна балканска конкуренција.