Со достоинство, гордост и почит кон трудот и посветеноста, Атлетска Федерација на Македонија ги прогласи најдобрите атлетичари и атлетичарки за 2025 година, година што ќе остане запаметена како историска за македонската атлетика.
2025 е година ќе остане запишана со историски успеси за македонската атлетика како што беа, финалето на европското првенство во сала и освоено осмо место, остварени две норми и настапи на светското првенство во Токио во маратон, како и исклучително голем број национални рекорди и меѓународни медали, достигнувања што ја потврдуваат зрелоста и растот на македонската атлетика на светската сцена.
Во сениорска конкуренција, признанијата им припаднаа на:
Адријана Поп Арсова (Атлетски Клуб Делта) и Андреас Трајковски (Атлетски Клуб Работнички), атлетичари кои со своите настапи, резултати и континуитет ја одбележаа сезоната и поставија високи стандарди за идните генерации.
Во младинските категории, признанијата им беа доделени на:
Марко Алексовски – најдобар младинец (Атлетски клуб Центар)
Мелиса Димитриевска – најдобра младинка (Атлетски клуб Дрени Старт)
Ева Митевска – најдобра помлада младинка (Атлетски клуб Работнички)
Михаил Стошевски – најдобар помлад младинец (Атлетски клуб Куманово)
Кај пионерите, признанијата ги понесоа:
Ведран Николовски – најдобар пионер (Атлетски клуб Куманово)
Марта Димковска – најдобра пионерка (Атлетски клуб Работнички)
Во категоријата млади пионери:
Ељана Салаи – најдобра млада пионерка (Атлетски клуб Куманово)
Арти Џеладини – најдобар млад пионер (Атлетски клуб Куманово)
Наградите свечено ги врачија претседателката на федерацијата Александра Војнеска Зикова ,деканот на факултетот за физичко образование, спорт и здравје професор Д-р Владко Неделковски, професорот по атлетика професор Д-р Александар Симеонов, потпретседателите на федерацијата Филип Колевски и Алим Хајредини.
Оваа свеченост не беше само прогласување на најдобрите туку и потврда дека македонската атлетика има силна сегашност и уште посилна иднина. Честитки до сите наградени, нивните тренери и клубови, кои со секој чекор ја носат атлетиката напред.