Македонските атлетичари со одлични настапи на Балканското Првенство за сениори!

Нашите репрезентативци блеснаа на Балканското Првенство за сениори кое на 26 и 27 Јули се одржа во Волос, Грција а таму забележаа низа одлични резултати:

Андреас Трајковски се искачи на подиумот освојувајќи го третото место во скок во далечина со скок од 7.77м!
Марко Алексовски го изедначи националниот младински рекорд на 200м со извонредни 21.64 секунди!
Брајан Авиа постави нов личен рекорд во скок во далечина со 6.97м, а во скок во височина имаше солидни 2.01м.
Јован Стојоски истрча најдобро време сезонава на 400м со пречки со резултат од 52.84 секунди.
Михаил Петров настапи на дисциплината 400м со остварен резултат од 49.74 секунди.