Национален рекорд во Десетобој за Огнен Стефановски на Европското Првенство U23 во Берген!

Македонскиот репрезентативец Огнен Стефановски постави нов национален рекорд во десетобој со освоени 6648 поени, настапувајќи на Европското Првенство за атлетичари под 23 години во Берген, Норвешка!

Со овој фантастичен резултат, Огнен го освои 21. место во Европа и уште еднаш ја потврди својата класа и континуираниот напредок на меѓународната сцена.