Национално Екипно Првенство за Млади Пионери

Изминатиот викенд се одржа националното Екипно Првенство за Млади Пионери, натпреварување во кое учество зедоа нашите млади атлетски надежи под 14 години.
 
Овој натпревар е од тимски карактер каде се бодуваат најдобрите 6 пласмани во дисциплините 60м, 300м, 600м, скок во далечина, скок во височина, фрлање ѓуле и штафети 4х100м кај девојчињата и 60м, 300м, 800м, скок во далечина, скок во височина, фрлање ѓуле и штафети 4х100м кај момчињата.
 
Победници во машка и во женска конкуренција ова овогодинешното издание беа екипите на Атлетскиот Клуб Куманово.
 
Девојчиња 
  • Куманово 52 бодови
  • Камјани 41 бодови
  • Работнички 40 бодови
 
Момчиња
  • Куманово 73 бодови
  • Аеродром 38 бодови
  • Делта 19 бодови
 
Истотака во истиот ден беше одржан атлетскиот митинг “Светски Ден на Атлетиката” каде се одржаа детски трки на 60м и скок во далечина во категориите под 10 и под 8 години како и сениорски натпревари на дисцплините 200м, 800м, скок во далечина, скок во височина , фрлање копје и фрлање диск.