Дарио и Адријана со одлични настапни на Европското Првенство на пат во Брисел Белгија

Успешен настап на Дарио и Адријана на Европското Првенство на пат кое одржа во Брисел Белгија.

Дарио Ивановски оствари фантастичен успех пласирајќи се на 13-то место во севкупен пласман со резултат од 2:14.22 на маратонската трка во конкуренција од 42 натпреварувачи.

Адријана Поп Арсова го оствари нејзиното најдобро време на 10км (35:17) за оваа година и се пласираше на 74 место во силна конкуренција од 86 натпреварувачки.

Ова е одлична најава за она што допрва доаѓа оваа сезона од нашите репрезентативци.