Актуелно

Балканско Првенство за Млади Младинци, Марибор-Словенија


Викендот на 06.07.2024 во Марибор Словенија, се одржа Балканското Првенство под 18 години каде учество зедоа 5 наши атлетичари, остварувајќи извонредни резултати.

Марко Алексовски на дисциплината 100м со резултат 10.88 успеа да се пласира во финалето каде го освои 7-то место со нов државен рекорд за млади младинци кој сега гласи 10.95!

Иако резултатот во полуфиналето на Марко е побрз од тој во финалето, сепак тоа време беше остврено со мал нелегален ветер од +2.4. 

На дисциплината 200м надвор од конкуренција, Марко исто така успеа да оствари фантастичен резултат со време од 21.71(+3.0 ветер) освојувајќи го 3-то место.

Брајан Авиа на дисциплината скок во далечина успеа да го освои високото 5-то место со невероjатен скок од 7.08! За жал и за време на овoј скок ветерот минимално ги надмина границите на дозволеното со јачина од +2.1.

Марко Ристов на дисциплината 100м успеа да ја спушти границата од 11 сек со резултат 10.99 пласирајќи се на 11-то место, но и за оваа трка ветерот не беше во дозволените граници. На трката на 200м Марко го освои 7-то место со нов личен рекорд од 22.20.

Лина Исени во дисциплината скок во далечина успеа да си го подобри личниот рекорд со скок од 5.07 освојувајќи го 17-то место, а во дисциплината трискок успеа да го освои 16-то место со скок од 10.89.

Јумна Фетаху во нејзината дисциплина ѓуле се пласираше на 8-то место со фрлени 12.29м, додека на дисциплината диск го освои 9-то место со резултат од 32.77.

Честитки до сите атлетичари и нивните тренери за остварените резултати.

Навистина сме среќни што имаме вакви млади атлетичари и со нив иднината на Македонската атлетика е несомнено светла.