ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА, РИМ 7-12 ЈУНИ

 
Во периодот од 7 до 12 Јуни во Рим, Италија ќе се одржи Европското Првентсво во Атлетика каде за прв пат во историјата на Македонската атлетика ќе имаме двајца натпреварувачи со исполнета норма и тоа:
 
Дарио Ивановски - кој ќе настапи во дисциплината Полумаратон, со претходно остварена норма на маратонот во Севиља со време од 2:08.26.



 
Андреас Трајковски - кој ќе настапи во неговата дисциплина скок во далечина, притоа обезбедувајќи норма преку ранкинг системот.
 
Прв на програмата ќе настапи Андреас во квалификациите кои се на програмата во петок (7 Јуни) со почеток во 12:55ч.




Полумаратонската трка каде ќе настапи Дарио, е закажана за во недела (9 Јуни) со почеток во 9:00 часот.
 
Им посакуваме среќа и повторно да ја израдуваат Македонија со нивните успеси!