Нов национален рекорд на Штафета 4х100м - мажи


Освоено високо 4-то место на БП во Измир Турција!
 
На Балканското Првенство кое се одржа на 25-26 мај во  Измир Турција, нашата машка штафета во состав Андреас Трајковски, Владимир Битољану, Огнен Стефановски и Јован Стојоски, со време од 41.59 секунди, успеа да го собори претходниот рекорд кој беше поставен минатата година на Европското Тимско првенство во Силесиа, Полска со време од 41.79. 
 
Со овoј резултат нашата штафета успеа да го освои и високото 4-то место.