Андреас Трајковски ќе ја претставува Македонија на престојното Светско атлетско првенство во сала кое ќе се одржи на почетокот од следниот месец во Глазгов, Шкотска. По изминатите серија позитивни резултати Трајковски е избран да биде претставник на Македонија на светскиот собир, во неговата дисциплина – скок во далечина.
Трајковски е роден во Данска со данско државјанство, меѓутоа поради македонското потекло настапува за Македонија веќе неколку години запишувајќи национални рекорди во скок во далечина.