Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд во маратон

Дарио Ивановски денеска испиша историја во македонската атлетика откако на маратонот во Севиља, Шпанија оствари извонреден резултат од 2:08:26 вреден нов македонски рекорд.

Со тоа Ивановски воедно исполни норма за учество на Европско првенство во атлетика во Рим и со 1186 освоени бодови се најде во ранг листата за учество на Лените олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во главниот град на Франција.