Поштенски Фах 5, 1000 Скопје, Македонија | тел/факс + 389 2 3131325 | mkd@mf.iaaf.org

 

почеток

за АФМ

новости

клубови

календар

резултати

рекорди

галерија

контакт

 

 
 

Собранието на АФМ го изгласа новиот Статут на АФМ

Атлетската федерација на Македонија на 22 март во Скопје одржа Вонредно Собрание на кое што беа извршени промени на Статутот и Деловникот за работа на Собранието на АФМ. Промените се направени по предлог на ИААФ, Извршниот одбор на АФМ и по предлози на неколку атлетски клубови. На Вонредното Собрание присуствуваа 13 клубови со решение за вршење дејност спорт и два клуба без решение за вршење на дејност спорт.
Кликнете на насловите за да ги преземете документите:
-
Нов Статут на АФМ
- Нов Деловник за работа на Собранието на АФМ

(23 март 2008)
 

Известување за сите атлетски клубови

ИО на АФМ донесе одлука сите атлетски клубови да пополнат формулар за евиденцијата на Канцеларијата на АФМ, во кој секој атлетичар ќе потпише со кој тренер работи. Овој формулар треба да се прати до Канцеларијата на АФМ по пошта најдоцна до 15 април 2008 година. Кликнете на линкот за да го преземете формуларот:
- формулар за потпис на атлетичар - тренер

(05 март 2008)
 

Спасовски без пласман на СП во Валенсија

Македонскиот репрезентативец Далибор Спасовски, единствениот учесник од Македонија на СП во сала во Валенсија (Шпанија), не успеа да оствари резултат во трката на 400 метри. Спасовски стартуваше во трката на 400 метри, но уште од самиот старт се здобил со повреда на десното колено, после што не можел да ја продолжи трката. Сеуште не се знае од каков карактер е повредата и колку време ќе треба Спасовски да одсуствува од атлетската патека.

(08 март 2008)
 

Спасовски очекува личен рекорд на СП во Валенсија

Далибор Спасовски е единствениот атлетичар од Македонија кој ќе настапи на Светското првенство во сала, кое од 7 до 9 март ќе се одржи во Валенсија (Шпанија). Спасовски ќе настапи во дисциплината 400 метри во квалификациите на 7 март. Неговото најдобро време оваа сезона во сала е 50.03 секунди кое го оствари на Балканијадата во Атина минатиот месец, додека неговиот личен рекорд е 49.93 секунди поставен минатата година на Европското првенство во сала во Бирминген. “Ќе се обидам да истрчам личен рекорд, и со евентуална мала среќа да ги поминам квалификациите“, изјави Далибор пред заминувањето за Валенсија каде ќе го придружува неговиот тренер Крсте Војнески.

(05 март 2008)
 

Резултати од Балканскиот Крос во Турција

На 1-ви Март во Коџаели (Турција) се одржа 53-то Балканско првенство во Крос. На ова првенство покрај репрезентацијата на Македонија, настапија и репрезентациите на Турција, Бугарија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија и Грција. Должината на патеките беше нестандарна од досега вообичаените. На пример трката за јуниори место на 6000 метри се трчаше на 5800 метри.
Еве ги резултати на победниците и на македонските репрезентативци-ки:

12050 метри – сениори
1. Мирко Петрович (СРБ) – 36,15 минути
2. Мариус Ионеску (РОМ) – 36,36 минути
3. Фатих Билгич (ТУР) – 36,39 минути
.
.
20. Трпе Мартиновски (МКД) - 41,52 минути
21. Стојанче Трифунов (МКД) - 43,43 минути
22. Зоран Саздов (МКД) - 45,14 минути

7700 метри – сениори под 23 години
1. Осман Баш (ТУР) – 23,54 минути
2. Душан Маркешевич (СРБ) – 23,57 минути
3. Муџгат Озтурк (ТУР) – 24,04 минути
.
.
21. Александар Кираџиев (МКД) - 27,57 минути
22. Марјан Стојанов (МКД) - 28,31 минути
23. Александар Кочовски (МКД) - 28,47 минути

2900 метри – младинки
1. Богдана Мимич (СРБ) – 9,10 минути
2. Амела Терзич (СРБ) – 9,13 минути
3. Гулчан Мингир (ТУР) – 9,19 минути
.
.
24. Христина Ристеска (МКД) - 11,31 минути
25. Фросина Ристеска (МКД) - 11,32 минути
26. Александра Митроска (МКД) - 11,50 минути
27. Фросина Крстева (МКД) - 13,07 минути 

5800 метри - младинци
1. Немања Церовац (СРБ) – 17,13 минути
2. Чихат Улус (ТУР) – 17,14 минути
3. Ведат Гонен (ТУР) – 17,18 минути
.
.
20. Борис Даневски (МКД) - 20,26 минути
21. Огнен Павловски (МКД) - 21,40 минути
-  Јане Јованов (МКД) – не ја заврши трката

Севкупен пласман: Србија, Турција, Романија, Бугарија, Грција, Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина

(02 март 2008)
 

Спасовски со највреден резултат на Балканијадата во Атина

Највреден резултат од македонските репрезентативци 15-то Балканско првенство во сала, според ИААФ таблиците забележа Далибор Спасовски во трката на 400 метри со резултат 50.03, со што го освои 6-то место. Најдобар пласман пак од нашите атлетичари забелеша Сашо Даневски кој во трката на 1500 метри го освои 5-то место со резултат 4:15.78. Васил Најдов во фрлање ѓуле го освои 6-то место со фрлање од 13.52 метри, а Славчо Мирчевски во скок во далечина забележа резултат од 6,14 метри и се пласира на 7-то место.
Во екипна конкуренција кај мажите првото место им припадна на атлетичарите на Романија, Македонија го освои 7-то место, а позади нас се пласираа репрезентациите на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија.

 

(10 февруари 2008)
 

Македонската репрезентација денес замина за Атина

Македонската репрезентација денеска замина за Атина (Грција) каде на 9-ти февруари ќе се одржи 15-то Балканско првенство во сала. Македонија на ова првенство ќе ја представуваат следниве атлетичари:
- Далибор Спасовски , 60 м. и 400 м.
- Славчо Мирчевски, скок во далечина
- Васил Најдов, фрлање ѓуле
- Сашо Даневски, 1500 м.

Во составот на репрезентацијата беше повикан и Енис Даутовски (800 м.), но заради здравствени причини го откажа своето учество

Со репрезентатвиците заминаа и тренерот Влатко Димитров, кој е шеф на стучниот штаб на репрезентацијата, како и Иван Цветкоски, член на Извршниот одбор на АФМ, кој ќе учествува во работата на конгресот на Асоцијацијата на Балканските Атлетски Федерации (АБАФ) кој ќе се одржи на 8 февруари.

 

(07 февруари 2008)
 

Прва седница на новиот Извршен одбор на АФМ, државниот крос ќе се одржи на 24 февруари во Скопје

Извршниот одбор на Атлетската федерација на Македонија на состанокот одржан на 4 февруари донесе неколку одлуки.
- беа формирани комисиите на АФМ и одредени нивните претседатели, и комисиите имаат рок од 3 недели да подготват програма за работа и истата да ја достават до канцеларијата на АФМ
- за потпретседател на АФМ едногласно беше избран поранешниот атлетичар Ванчо Стојанов
- беше прифатено барањето на АК Работнички за промена на датум во календарот за Меморијалниот Крос “Методија Веновски - Мето“, место на 24 февруари кросот да се одржи на 23 март
- првенството на Македонија во Крос е презакажано за 24 февруари, овој натпревар ќе биде и изборен за составот на репрезентацијата за Балканскиот крос кој ќе се одржи на 1-ви март во Кочаели (Турција)

- беше донесена одлука репрезентацијата на Македонија да учествува на Балканските игри во сала во Атина (Грција) на 9-ти февруари, и ова првенство да биде крајниот рок за одредување кој атлетичар ќе ја представува Македонија на предстојното Светско Првенство во сала, кое од 7 до 9 март ќе се одржи во Валенсија (Шпанија)
- до сите клубови да се испрати писмо во кое ќе се побара доколку некој клуб има предлози за промена на Статутот или правилниците на АФМ, во најкус можен рок во писмена форма да се достават до канцеларијата на АФМ, кои ќе бидат разгледани од Извршниот одбор на АФМ
 

(05 февруари 2008)
 

Цветко Грозданов нов претседател на АФМ

Цветко Грозданов, делегат од АК Охрид,  е избран за нов претседател на Атлетската федерација на Македонија, на вчерашното Редовно Изборно Собрание на АФМ. Цветко Грозданов е вработен како професор по физичка култура во ОСУД “Климент Охридски“ од Охрид, инаку моментално ја извршува функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија. Во 1996 година беше тренер на атлетската репрезентација, а во 1999 година ја извршуваше и селекторската функција во атлетската репрезентација на Македонија. Грозданов доаѓа на местото на проф. д-р Зоран Радиќ кој на 13-ти декмври си поднесе оставка.

На Редовното Изборно Собрание
кое денес (26.01.2008) се одржа во Скопје од 25 регистрирани клубови со решение за вршење дејност спорт присуствуваа 14 од кои 13 со право на глас. Покрај Грозаданов кандидати за нов преседател беа олимпиецот Ване Стојанов од АК “Струмица“ и Љупчо Ѓоргиев од АК “Изгрев“.

Грозданов беше избран со 13 гласа “ЗА“. Во обраќањето веднаш по изборот
 Грозданов вети заживување на атлетиката и изјави: “Приоритет во периодот кој следи ќе биде создавање на нови атлетски центри во Македонија, подобрување на атлетската инфрастурктура, поставување на тартан подлоги, подобро едуцирање на атлетските тренери, како и отварање на атлетски школи.

На Собранието беа избрани нов Извршен и Надзорен одбор, а беше извршен и прием на два нови клуба, Армискиот Атлетски Клуб “18-ти Август“ од Скопје и Атлетскиот Клуб “Делта Маратон Клуб“ од Скопје.
 

На Собранието беше донесена одлука во наредниот период да се закаже Тематско Собрание на кое ќе бидат извршени некои промени на Статутот на АФМ и одредени правилници кои се битни за успешна работа на АФМ.

На Собрание
то присуcтвуваше и преставник од Агенцијата за Млади и Спорт на Република Македонија.

(26 јануари 2008)
 

Информација за атлетските клубови за Изборно собрание на 26 јануари 2008

Редовното Изборно Тематско Собрание на Атлетската федерација на Македонија ќе се одржи на 26 јануари 2008 година во Скопје, во просториите на Сојузот на Спортови на Град Скопје со почеток во 12.00 часот.
За да ги преземете материјалите за Собранието кликнете тука


(16 јануари 2008)
 

 
Архива од 2006 и 2007 година, кликни тука